Не еднаш досега премиерот на Албанија критикуваше функционер на Софија поради нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може ги изненади само оние кои сè уште не го разбрале тоа – според политичките убедувања и ставови тој е заколнат „Србин“ и како таков гледа наоколу со „очите“ на официјален Белград.
Ова за агенцијата БГНЕС го изјави публицистот и новинар на албански јазик од Мкедонија, Ким Мехмети, по повод говорот на премиерот на Албанија, Еди Рама, во Блед, во кој го спореди односот на Бугарија кон Република С.Македонија со односот на Русија кон Украина.
-Ако не, тој одамна ќе сфатеше дека проблемот за Македонија оди подалеку од тоа во нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“ – Србите!
Односно, ако денешниот албански премиер не беше заслепен од љубовта кон „браќата“ Срби, одамна ќе сфатеше дека Албанците немаат причина, а уште помалку корист да ги раскинат нивните вековни пријателски односи со Бугарите, а поради РСМ, додека тие што и денес се мнозинство овде го зацврстуваат својот етнички рбет преку паролите „Смрт за шиптари“ и „Само мртов шиптар е добар шиптар!“ Но, како и да е, треба да се истакне дека критиките на албанскиот премиер на официјална Софија одат подалеку од неговото лично политичко слепило и ја открива вистината дека во голема мера во официјална Тирана политичкиот часовник запре во моментот кога во Албанија владеат емисарите на Москва и Тито, според кои има само еден центар со регионално влијание – Белград! Да, односот на премиерот на Албанија кон бугарско-македонските недоразбирања, како и неговата перверзна „одбрана“ на РСМ само ја открива вистината дека и денес Албанија во голема мера го освојуваат оние кои не се ослободиле од српските вистини, оние кои и интересите на својот албански народ ги гледаат низ „очите“ на српскиот ум, рече Мехмети.
Comments are closed for this post.