Предлагам македонската Влада да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, ќе говори за ликот и делото на Гоце како и за неговото семејство и родниот Кукуш во кој пораснал.
Тоа ќе биде и мост за пријателство имајќи ги предвид космополитските идеи и сфаќања на Делчев кои биле далеку пред времето во кое живеел. Една таква спомен куќа ќе биде и достојно признание за неговото дело, бара Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку тие не го направат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова. Затоа што со дела се бранат националните фигури како и самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ. Не со прифаќање на секоја уцена, не со веднење и виткање на кичмата, туку гордо во промоција на националните и државни херои кои ја изградија и развија идејата за независна Македонија. Еден ваков предлог треба да биде презентиран и во Брисел. Убеден сум дека ЕУ ќе даде поддршка на идејата достојно да се одбележи местото на раѓање на великанот на револуционерната борба и човекот кој бил носител на идеи слични на оние кои Француската револуција ги разнесе низ западна Европа за еднаквост, братство и слобода на кои се темели и денешната Европска Унија, а на која Грција е член, а Македонија еден ден ќе биде член.
Comments are closed for this post.