Лидерот на Беса, Билал Касами смета дека професорот Блерим Река заслужува да биде претседател на Северна Македонија. Со тоа, смета Касами, ќе докажеме дека сме подготвени да одиме чекор напред кон една департизирана држава и институции.

Со тоа ќе докажеме дека на чело на државата сме достојни да стои една личност која не е партиска и таа позиција нема да ја злоупотреби за партиски интереси а најмалку граѓаните да ги подели врз етничка, религиозна или пак друга различност која ја имаме како богатство.