Ако сте толку убедени во вашата чистота, тогаш поднесете оставка ти заедно со Мерко и вашите функционери! Отворете го патот за вистинска истрага. Но, за вас тоа не е доволно да го сторите, па затоа за вас правдата и најдобрата пресуда ќе ви ја даде народот на следните избори!
Ова на денешната прес-конференција го изјави лидерот на опозициското Движење Беса, Билал Касами, реагирајќи за последните случувања во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, јави ТВ 21.
Касами укажа дека „Америка го истражуваше Мерко и го прогласи како непожелна личност – персона нон грата“, а за Дрин Ахмети нагласи дека „него треба да го истражува Ислам Абази, обвинителот, кој нема осознаено дека веќе завршиле неговите забави со Али Ахмети“.
Comments are closed for this post.