Лидерот на опозициската партија Дижење Беса, Билал Касами, вели дека многу луѓе од актуелната власт се вмешани во случајот “Рекет“. Во интервју за Слободен печат Касами истакнува дека темпото со кое се одвива процесот не дава надеж за брза разрешница.
Како што оди процесот, секој ден по еден на сослушување, а знаеме дека многу луѓе од актуелната власт се вмешани во случајот, по се изгледа дека ќе не стигне и Нова година и не знам дали до тогаш ќе имаме покренато обвиненија“, рече лидерот на Движењето Беса, Касами.
Касами повикува да се остави Обвинителството слободно да го истражи случајот и што побрзо да покрене обвинение во кое ќе бидат вклучени сите кои се вмешани во рекетирањето.
Comments are closed for this post.