Спиро Ристовски на завршните зборови ја објасни комуникацијата што ја имал со поранешната минитерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
Тој вели дека во пораките се гледа дека Канческа ги договарала настапите на уметниците и актерите на собирите. Тој ја посочи на неодамнешната изјава на Обвинителката Русковска дека за Канческа немало обвинение бидејќи освен дека организирала настапи против неа немало други докази.
Ристовски презентираше и дел од пораките од Канческа во која таа вели „Леле леле народ, пу пу убавина“.
Во друга таа му вели „Тоа е она што ти кажував дека треба атмосфера“.
Ристовски вели дека комуникацијата со Канческа завршила 40 дена пред немилите настани.
Како е можно да сум сум ги организирал протестите, а немав никаква комуникација со организаторите. Јасно е дека не можам да се грижам за настапите, а да немам контакт со организаторите – додаде Ристовски.
Comments are closed for this post.