Партијата на Панос Каменос Независни Грци (АНЕЛ) денес во Солун одржува партиска конвенција од која испрати порака која повторно ќе ги разбранува духовите во двете земји.

Преку Твитер тој испрати порака дека „нема да има соработка со наивните фашисти од ВМРО“. Притоа тој во лонецот што се вари доаде и еден нов зачин – ја вмешува Турција обвинувајќи дека најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ соработува со Турција и ја обработува нивната агенда.

Со оваа изјава практично Каменос навлегува во геополитички води најверојанто сакајќи со тоа да го оправда својот План Б за балкански одбранбен сојуз како одбрана против Русија и Турција кои имаат свои интереси на поширокиот балкански регион.

Од друга страна, Каменос, чија партија во северна Грција е речиси тотално замрена, на конвецнијата рече дека кога во грчкиот парламент ќе дојде на гласање Договорот од Преспа, АНЕЛ ќе ја напушти салата.

Кога договорот ќе дојде во парламентот ние ќе се повлечеме. Не работам со Алексис за да го покријам минатото, како ПАСОК. Работиме заедно за да ја спасиме земјата. Тоа што имаме да го кажеме го кажуваме јавно и јасно – порача контроверзниот Каменос.