Економската стабилност на земјата се заснова и  зависи од банкарскиот сектор, кој сега е стабилен, а таков треба да остане и по завршување на корона кризата, но каматите на кредитите никаде не се простуваат, рече министерката за економија Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање дали е задовона од солидарноста на банките откако објавија дека ги одложуваат кредитите, но ќе пресметуваат камата за периодот во тек на одложувањето.

Како што истакна, изминатите две недели заедно со Народната банка и комерцијалните банки се работело на соодветно решение што ќе ги заштити граѓаните денес, но и во иднина.

Ангеловска рече дека банките веќе ги одложуваат ратите на физичките лица не само за три месеци, туку и за шест, што, според неа е показател оти се доаѓа и до подбри решенија со дијалог, процена на ризиците и со конструктивен предлог.

Според Ангеловска, каматите на кредитите не се простуваат никаде.

Кога се поставува прашање дали и каматите  ќе бидат комплетно одложени, замрзнати, укинати или простени  треба да имаме предвид дури и кај земјите во коишто  е т.н. мораториум каматите не се  бришат, одложуваат или простуваат комплетно. Дури и во земјите каде се воведе т.н мораториум на кредитите, каматите комплетно не се бришат или одложуваат или простуваат. Како пример Словенија, Црна Гора, Албанија и Србија имаат мораториум, но каматите се пресметуваат и се репрограмираат во следниот период. Заштитата на банкарскиот сектор не значи дека Владата не бара од банките да се солидализираат, туку значи дека цели да ги заштити граѓаните и на долг рок, бидејќи стабилноста на банките е важна за заштита на граѓаните и нивните средства и во иднина, рече Ангеловска.