Професорот на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев во емисијата „Детектор“ на Сител ТВ во дебата со Павле Богоевски, кажа дека расчистувањето на случајот „Рекет“ ќе ја собори владата, и како што вбели тој затоа се развлекува целиот случај од негова конечна разрешница.

Мислам дека сериозните истраги во „Рекет“ се закочени  од страв да не падне конкретната власта, бидејќи мислам дека во моментов во Македонија нема подготвеност не само за нови избори, туку и за техничка влада, вели Калајџиев.