Поранешниот премиер Никола Груевски со статус на Фејсбук ги искоментира последните политички случувања во Македонија.Тој најмногу се задржа на состојбата во судството, економијата и споредите како функционирало во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Без дури да се промени Законот кој го донесовме во ноември 2010 година, а стапи на сила две години подоцна, со враќањето на СДСМ се врати старата пракса на избор на судии. Не вреди да се прозива обвинителството да отвори истрага за ова грубо непочитување на Законот за судови бидејќи нема да го направат тоа. Несмеат. Бидејќи истрагата ќе заврши во врвот на владата-коментира Груевски во дел од објавата.