На три дена пред најголемиот македонски празник државниот врв соопшти детали за празнувањето. Оваа година во Крушево ќе биде претседателот Стево Пендаровски но за првпат нема да има говор на Мечкин Камен. Новина е тоа што наместо во 12 часот, прославата ќе почне во 18 часот.

Првпат ќе дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети а лична покана е испратена и до Христијан Мицкоски но нема потврда дали ќе ја прифати. Поканети се и Села и Апасиев.

Пендаровски на брифинг со новинарите соопшти дека оваа година решиле да одат со нов начин на прослава, за кој не вика дека е подобар, но ете одлучиле да се обидат.

За што што служи говорот.Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување, Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од говори-рече Пендаровски.

Наместо говор, Пендаровски ќе има кратко видео обраќање од две минути. Пораки за Илинден ќе пренесе актерот Никола Ристановски а ќе настапи и Влатко Стефановски.

Иако одбележувањето на Илинден е една од барањата на Бугарија, претставници од источниот сосед нема да има.

Традиционалната коњаница ќе биде во Крушево а ќе маршира и почесен батаљон на АРМ.

На прославата покрај Танец ќе продефилира и ансамбл за албански песни и ора.