Слики како да е војна.Вака изгледа првиот ден во Србија откако претседателот Александар Вучиќ прогласи вонредна состојба. Пусти улици и на нив само војска со маски на лицата. Граѓаните брзаат да ги завршат најнеопходните работи и да испазарат и се упатуваат кон своите домови.

Болниците пак ги чува војската,а пак полиција ги контролира оние лица кои мора да останат во домашен карантин бидејќи се вратиле од земји со висок ризик.