“Срдечна честитка до мојата колешка Екатерина Захариева по повод Националниот
празник на Бугарија. Ние ја сметаме нашата релација како многу важна и посветени
сме да продолжиме да работиме заедно на понатамошно зајакнување на
добрососедските односи”, напиша Османи по повод државниот празник на Бугарија 3
март.

Денешниот празник кој го одбележува Бугарија го слави основањето на привремената
Бугарска држава согласно Руско-Турскиот договор потпишан во 1878 година во селото
Јешилќој близу Истанбул познато како Сан Стефано.

Според договорот кој пропаднал за неколку месеци речиси целата денешна територија
на Македонија била дел од бугарската држава.