Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 12 се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп и 1 од Крива Паланка.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 384 лица.
Според местото на живеење, најголем дел од заразените се од Скопје и нивниот број изнесува 195.
Потоа следува Куманово со 62 заразени, а во Дебар 47 граѓани имаат коронавирус.
Во Прилеп 21 лице има коронавирус, а 15 штипјани се заразени.
Во Тетово бројот на заразени е 13, во Струга 9, шест во Велес, 4 во Битола, 3 во Охрид.
По двајца граѓани со коронавирус има во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, а по еден заразен е регистриран во Гостивар, Струмица и Кочани.
Comments are closed for this post.