Министерството за надворешни работи информира дека министерот Бујар Османи денеска остварил телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател, од каде е добиено уведување дека при употребата на придавката „Северномакедонци“ била направена ненамерна грешка.
-Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, велат од таму.
Comments are closed for this post.