Од Кабинетот на претседателот на државата појаснуваат дека со претставниците на организациите на Македонците од Бугарија не е откажана туку се утврдува точен термин на нејзино одржување.
Од Кабинетот на Пендаровски за „Република“ велат дека е пристигнато барање за средба на што е даден позитивен одговор но притоа не е утврден точен датум и сега се прави токму тоа.
Затоа не може да се каже дека средбата е одложена или откажана кога не ни бил утврден точен датум-велат од неговиот кабинет.
Формулацијата е битна за да не дојде до несакани недоразбирања меѓу претседателот и претставниците на организациите на Македонците од Бугарија.
Comments are closed for this post.