Аирлија, нека е за убаво.. Македонија го доби првиот шеик лидер на опозицијата.Да, Шеик Ал-Венко ибн Филипчех, ќе ја води СДСМ до нови победи. Во Емиратите. Негово официјално живеалиште стана Дубаи, а во Скопје и на Бихаќка ќе доаѓа од време на време, кога ќе му дозволат обврските, како што сега е модерно да каже некој што сака сите да мислат дека има работа преку глава. Мислите дека е лесно да се водат водат бизнси од Дубаи до Струмица преку Петрич. Не се стигнува сегде. А плус и неговиот бизнис партнер му даде и партија на чување, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Новиот Шеик официјално призна дека има златна виза за Дубаи.Златен тој инвеститор. Видовте дека ја говори вистината кога велеше дека има најобична виза за патување. Па било дефокус, па фејкњус, му ваделе муабети…

Златната виза, која се дава на богати бизнисмени, Шеикот Венко ја добил во септември 2023-та година, седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ. Уште тогаш знаел дека ќе изгубат на избори. Му трае десет години, таман додека СДСМ бидат во опозиција..

Филипче требало да работи како Директор за инвестиции и менаџмент во најпознатата економска зона во Дубаи. Значи станал бизнисмен наместо лекар. Ама кај Арапите ништо нема за џабе, ниту пак за љубов. Па така златната виза Венко ја искеширал половина милион евра. Да толкава инвестиција треба да пријавиш во Дубаи за да ти дадат златна виза. Минумум. Може Венко и другар му имаат и повеќе. Не се гради зграда со пола милионче. Скапо е во Дубаи, а сега ги фати и војната. Ние обичните , што не сме шеици толкава пара имаме видено само филм или на играта монопол.

Како што тргнале СДСМ на своето име ќе треба да додадат и Ол инклузив, дубаи едишн. Од социјал демократска партија се претворија во пустинска елита.

Еве Филипче вели дека немал слушнато дека некој од Бугарија го негира нашиот идентитет. Ова да го изјавиш треба или да не живееш во Македонија или да си добро финансиски стимулиран.