Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски тврди дека снимката од која се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекла од Обвинителството.
„Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески во кусата порака до „Независен весник“.
Тој, како и обвинителката што го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска во моментов се надвор од државата поради користење годишен одмор.
Comments are closed for this post.