Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховен суд за предметите на Специјалното јавно мислење ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.

Ова го соопшти државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, денеска на прес конференцијата веднаш по завршување на состанокот.

Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека сé до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој мислење даде Врховниот суд на РМ, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сé со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.