Македонија по многу нешта е уникатна, па и по поимањето на тероризмот. Дефиницијата на тероризмот секаде во светот е единствена, но само кај нас голораките граѓани се прогласуваат и судат како терористи. Станавме за потсмев и сожалување. Криминалци, нарко дилери, убијци, па и терористи слободно се шетаат, некои и заседнати во парламентот, а македонските патриоти, кои на 27 април влегоа со голи раце да го одбранат достоинството на парламентот и бруталното газење по Уставот и законите, за само едно тегнење за коса, раскрвавен нос и неколку гребнатинки, гнијат по затворите осудени на брутални казни од 15 и 18 год затвор, за наводен тероризам, се вели во јавното обраќање на здружението „Македонски манифест“ по повод најавениот протест за 25 април за ослободување на уставобранителите.

Светот се чуди. Какви се тие голораки териристи, без оружје и експлозив? Пардоксот да биде поголем, не се осудени сите актери од 27 април. Оние кои им требаа за изгласување на уставните измени на името (пратеници), беа ослободени од одговорност. Со овој чин покажавме на светот дека законите не важат подеднакво за сите и дека се прогонуваат само политичките неистомисленици. Покажавме дека уставно загарантираното право на протест и одбраната на демократските придобивки се загрозени. Едноставно кажано, во предвечерјето на Преспанскиот договор и уставните измени на името, на изродите им беше потребно да влеат страв кај народот да не излегува на протести. Светот го препозна тоа, знае дека со голи раце не се врши тероризам. Светот го препозна политичкиот прогон. Три европски суда донесоа правосилни пресуди и дадоа политички азил заради загрозени човекови права и политички прогон. На Дејан Давидовски во Шведска, токму за настаните од 27 април. На Никола Груевски во Унгарија и на Горан Груевски и Никола Бошковски во Грција. Пратеникот во словенечкиот парламент Змаго Јелинчич од Словенска Национална Странка, побара од словенечката влада да ни стави вето за почетокот на преговорите за влез во ЕУ, се додека не ги ослободиме политичките затвореници за настаните од 27 април. Со ова Македонија е ставена на столбот на срамот. За жал тоа не ги тангира нашите недозреани политичари.

Му се заблагодаруваме на Јелинчич на неговите напори за ослободување на македонските родољуби. Браќа и сестри Македонци, доста беше. Да кажеме стоп за теророт. Во предвечерјето на четири годишнината од настаните на 27 април, со јасна поддршка го повикуваме македонскиот народ, без оглед на национална, верска и политичка припадност, масовно да излезе на протестот на 25 април за ослободување на уставобранителите. Посебно го повикуваме ВМРО како најголема опозициска партија, наместо со млитава подршка, масовно да се придружи на протестот со најмалку 100.000 свои члениви. Протестот да продолжи и да прерасне во македонска пролет, во постојан протест, се додека не се сруши овој ненароден режим. Друг начин да се спречи натамошна распродажба на сѐ што е македонско, идентитет, јазик, културно и историско наследство…не постои“, се вели во јавното обраќање на „Македонски манифест“.