После носењето дома на „бомбите“ од страна на вработените на СЈО, антидатирањето на службените белешки во однос на тоа кој се имал пристап до доказните материјали и останатото постапување спротивно на безбедносните протоколи, сега го гледаме шефот на криминално-рекетарската власт – Зоран Заев во улогата на Хорацио Кејн од „CSI“ како изјавува дека форензиката ги потврдила разговорите и немало дилема за никој во функција на тоа, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на Фејсбук.

И се тоа ќе биде во ред да не се целосно спротивни наводите во вештачењата на стручњаците кои ја оспоруваат автентичноста, што всушност го потврди и еден од „неговите“ (Верушевски). Она што е доста интересно е што Македонската јавност, иако веќе изминуваат неколку години, не беше воопшто информирана за некои небулозни “детали”. Па така, разговори кои се случиле во октомври и јуни, се снимиле во ноември и август. Реалното време на муабетите во „бомбите“ не се поклопувале со времето на снимките што ги имало СЈО за даден случај. Вештаците утврдиле и дека часот кога се случиле разговорите и времето кога се снимиле, не се совпаѓаат, вели Јанушев и додава:

„Понатаму, имало изготвени вештачења, согласно кои, апсолутно без никаков траг пораките може да се менуваат во целата нивна содржина. После се, на сите им е јасно зошто СЈО не дозволувале тие фајлови да се видат, да се провери колку се веродостојни, дали се менувани или не!?! Имало само изјава дека материјалите се вештачени некаде во Германија, само што никој никогаш не го видел вештачењето. Како се „одмотува клопчето“, така се докажува дека СЈО беше алатка во рацете на Заев единствено за политички прогон на опозицијата, а истото сега се обидува да го прави преку т.н. Русковска обвинителство и Кацарска судство. Разликата е во тоа што има едно поинакво ВМРО каде што ова не поминува! Месеци се во прашање!“.