Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој за жал ја опустоши Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев од самиот почеток, откако дојде на власт, знаел што работи и какви дејанија врши Бојан Јовановски алијас Боки 13. Вчера, Зоран Заев во свое излагање призна неколку работи во однос на Боки 13 и и неговата телевизија 1ТВ. Практично Заев вчера призна дека во телевизијата 1ТВ имало скриено сопствеништво од страна на Боки 13, што всушност е забрането со закон во Република Македонија. Знаел и воопшто не покренал никаква иницијатива за да се преземе нешто од надлежните институции. Практично во целиот проект Зоран Заев бил соучесник од самиот почеток и негова поддршка, односно поддршка Бојан Јовановски односно Боки 13. Зоран Заев вчера изнесе и уште едно посериозно признание, а тоа е дека истата телевизија во која Боки 13 имал скриено сопствеништво била „провладин медиум”, потенцирам ја окарактеризира како „провладин медиум“ и практично целото време работела во корист на власта од самиот почеток па се до нејзиното затворање, потенцира Арсовски.

Тој додава дека со самото тоа што за медиумот на рекетарот Боки 13, Зоран Заев призна дека бил „провладин медиум” значи дека во пресрет на референдумската кампања и кампањата за претседателските избори 1ТВ работела единствено во корист на Зоран Заев и СДСМ.

-Со ова Заев и власта комотно може да се заклучи дека се одговорни за следново дело: примање награда за противзаконито влијание, односно нематеријална награда, со што би се здобиле со повисок рејтинг и политичка корист за премиерот и за власта. Да потсетиме дека 1ТВ е вмешана во најголемиот случај „Рекет“ и дека не би можел скриениот сопственик Боки 13 да рекетира без да ја има поддршката од Зоран Заев и од СДСМ. Зоран Заев е човек за кој криминалот е секојдневие и навика. За Заев криминалот и прекршувањето на законите е нормална појава, нормална работа и практично дел од неговото секојдневие. Затоа одговорност за целиот криминал мора да има, и кога тогаш ќе има, веднаш штом се врати правната држава во Република Македонија, вели Арсовски.