Правдата доаѓа. Водиме во огромен број избирачки места и општини. Против народ не се може“, истакна на прес-конференцијата пред малку шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Од 43 % преброени избирачки места Јанушев рече дека Гордана Сиљановска Давкова води во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Неготино, Штип, Пробиштиб, Свети Николе, Аеродром,Бутел, Гази баба, Кисела вода.

Од обработените податоци Јанушев објави дека веќе победиле во Пехчево, Јегуновце, Градско,  Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден, Радовиш, Лозово, Кичево. Вечерва победува Македонија, победува правдата. Македонија против Северна.

„ВМРО-ДПМНЕ победува, Гордана Сиљановска Давкова победува, народот победува и уште еднаш покажува дека е енергичен кога треба и мудар и секогаш е во право. Победува честитоста и правдата. вечерва се случува македонската пролет“, рече Јанушев.