Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во својата објава на Фејсбук вели дека Македонија не смее да си дозволи повторување на уште една Катица Јанева.
Операцијата на власта за спасување на сопствениот криминал ќе удри во ѕид, порано или подоцна, а вистината ќе се знае. Власта не ја интересира СЈО, колку што ја интересираат механизмите за политички притисок. И да не ја замајуваат јавноста, не се они потресени за добивање на правда зошто на секој чекор сеат неправда, туку се потресени поради тоа што се ближи смената на власт по која ќе мораат да се соочат со законот и со своите постапки, пишува Јанушев.
Генералниот секретар посочува и дека вечер ќе се отвори и прашањето за предвремени извори.
Заев во едно пишано интервју вели дека води над 3 проценти, во ред, нека верува во лажни анкети наменети за храбрење на своите редови, јас ќе верувам во народот, и ако е така тогаш верувам нема да му пречи да распише избори. А, на изборите народот ќе си дојде по своето и ги чека пораз, и тоа голем и убедлив, додава тој.
Comments are closed for this post.