Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност, пишува Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата е откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела наредба СЈО сите предмети да ги префрли во надлежност на ЈО.

Од ЈО изјавуваат дека сакале работите малку да им легнат, да преноќат, но според нивните првични опсервации, немало правни пречки за преземање на случаите на СЈО бидејќи биле исполнети условите од член 6 став 5 од Законот за СЈО“, пишува Јанушев.

Тој притоа го цитира член 6 став 5 од Законот за СЈО: Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност“.

Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска, прашува Јанушев.

Тоа што е започната постапката за разрешување на Катица Јанева и што денес ќе се одржи седница на Комисијата за избори и именувања на која ќе се разгледува Извештајот со кој се препорачува разрешување од страна на Советот на јавни обвинители, и тоа не е важно?

Сигурен сум дека и моралната димензија не е важна, со оглед на тоа дека целокупната македонска јавност слушна/виде/прочита за криминалните постапки на Јанева?!?

Но, што може да се очекува од најблиските соработници и слуги на аболицираниот криминалец? Само така продолжете, правдата доаѓа и има место за сите“, пишува Игор Јанушев.