Од изјавата на министерката Дескоска видовме огромна арогантност, што можеби е и очекувано со оглед на тоа од која политичка провиненција доаѓа, но она што загрижува е нејзиното „намерно“ игнорирање и непочитување на законите, бидејќи како професор на Правниот факулетет би требало “добро” да ги познава, објави Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

На својот Фејсбук профил Јанушев објаснува дека според Дескоска „веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство.”

Според Јанушев тука е проблемот и појаснува: “Согласно член 60 од Закон за Јавното обвинителство е предвидено – јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор, тој може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување, одлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.
„Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Следствено на претходнонаведеното, ЈО, односно Љубомир Јовески наместо со одлука да ја оддалечи од вршење на функцијата Катица Јанева согласно член 60 став 1 од законот за ЈО веднаш по нејзиното притворање, тој прима дописи и налози од нејзе додека таа е во притвор, и спротивно на Закон постапува по истите.

Со ваквите постапки, Љубомир Јовески врши кривично дело согласно член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик.