Јани Макрадули, екс заменик-министер за животна средина и просторно планирање е именуван за генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Информацијата ја потврдија од „Пошта“, но и веќе неговата биографија може да се види на сајтот на претпријатието.

Тој доаѓа на местото на Ејуп Рустеми, кој замина на функцикјата директор на ЈП за државни патишта.

Владата најави продажба на ова јавно претпријатие. Веќе се прават и анализи за тоа дали целосно ќе се продава или ќе се бара инвеститор преку јавно-приватно партнерство.