На денешното рочиште во случајот „Рекет“, одбраната на Катица Јанева презентираше неколку материјални докази. Еден од нив е анкетниот лист кој го поднела Јанева во Антикорупциската комисија на 6.11 2019 година.
Според одбраната на Јанева, во Анкетниот лист може да се види дека нема зголемување на нејзиниот имот во периодот од септемри 2018 до септември 2019 година, освен полиса за житотно осигурување и кредидите што ги имала подигнато.
Од увидот во анкетните листови може да се забележат неколку моменти. Прво, дека Јанева ги нема пријавено бонусите што таа самата и на другите обвинители и вработени во СЈО им ги делела како додаток на плата врз основа на степенот на доверливост во извршувањето на задачите.
А според платформата за пристап на податоци што ги објави владата , таа има земено 157.000 евра.
Според податокот на Анкетниот лист има наведено дека поседува полиса за животно осигурување во вредност од 2.790074 денари а во основот за стекнување е ставено кратенката-стекнување на друг начин.
Во Анкетниот лист кога Јанева стапила на функцијата таа во делот на долгови навела дека има подгигнато девет кредити на лично име и еден на дете.
Првиот личен кредит земен во 2014 година со рок на враќање во 2034 година е во висина од 3.616700 денари. Вториот е со исти временски периоди и е во висина од 1.704140 денари.
Третиот е подигнат во 2015 година и е со рок на враќање во 2030 година, 1.960.000 денари.
Кредитот на име на дете датира од 2015 година со рок на враќање 2025 година и е во висина од 660.000 денари.
Во вториот анкетен лист при завршувањето на функцијата има наведено десет кредити, од девет се на лично име и еден на име на дете. Од нив, четири се истите од анкетниот лист при стапувањето на должноста, а четири се нови, а два наведени како кредитни картички.
Едниот од нив,е од 2017 година, со рок на враќање до 2022 година и е во висина од 900.000 денари.Вториот кредит е 2018 година со рок на враќање 2023 година и во висина од 1.234000 денари. Третиот и четврток е од 2019 година со рок на враќање 2024 година во висина од 280.000 денари, а вториот 330000 денари.
Кредитните картички детираат од 2018 и се со важност од 2023 година и едната е во изност од 147.000 а другата од 74.000 денари.
Comments are closed for this post.