Разрешената Специјална обвинителка Катица Јанева во вторник ќе оди на распит во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да дадае исказ пред шефицата Вилма Рускоска, а во врска со случајот Рекет.
Таа беше во Обвинителството еден ден пред да биде уапсена но како сведок, а сега ќе дава исказ во својство на осомничена
Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, која притоа нагласува дека здравствената состојба на Јанева се влошува.
Тоа и финансиската гаранција не беа доволни Кривичниот суд да се согласи Јанева да оди во куќен притвор.
По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован-смета Основниот кривичен суд Скопје.
Comments are closed for this post.