Основниот суд од Битола му изрече ослободителна пресуда на поранешниот градоначалник Владимир Талески за кривичното дело несовесно работење во службата.

Станува збор за обвинение од ОЈО против Талески за време на неговите мандати како градоначалник на Битола, не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел сè со што било потребно за негова заштита, со што нанел штета на Општина Битола.