Специјалната обвинителка Катица Јанева верува во постигнување на договор меѓу власта и опозицијата за обвинителството што таа го води.

Ние сме професионалци. Се надеваме дека цел тим ќе останеме уште еден мандат да работиме. Тоа ни е желба. Ги поддржувам сите мои колеги. Имаме уште 2 места кои се ослободени. Според одлуката на Советот на јавните обвинители, имаме право уште двајца колеги да бидат дел од тимот“, рече Јанева.