Специјалната обвинителка Катица Јанева потврди дека се сретнала со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, но ги отфрли обвинувањата дека го уценувала со одмрзнување на имотот на партијата за поддршка од пратениците за законот за СЈО.
Таа тврди дека имала средба со него по негова иницијатива, преку трето лице присутно таму, на која немало никакви закани и уцени. Имало неврзан разговор за критиките дека само одредени лица се предмет на истрага од страна на СЈО.
– Мислев дека е добро да се поразговара и да го замолам Мицковски да го поддржи доколку дојде до закон за СЈО со кое му се продолжува мандатот за неопределено време како дел од правосудниот систем, дека може да го разгледа тоа прашање во неговата партија за да може да изразат поддршка, изјави Јанева.
Прашана дали очекува СЈО да ја добие поддршката од пратениците, таа рече дека не сака да шпекулира, но, истакна, се задоволни од начинот на кој се пристапило кон донесување на законот. Посочи дека повеќето од пратениците се за законот за СЈО и изрази надеж дека довербата на граѓаните е се уште силна во СЈО.
Comments are closed for this post.