Катица Јанева е отстранета од денешното рочиште за „Рекет“ поради недолично однесување. Таа е отстранета од судницата по наредба на судијката Васка Николовска-Масевска.
Таа ја нарекла „ороспија“ и „гомнарка“ обивинителката Лиле Стефанова, која денеска сведочи за случајот.
Мачето ѝ го возев затоа не чинам. Ороспија, биле точните зборови кои Јанева ги рекла.
Ова е првпат специјалната јавна обвинителка да прозбори на рочиште за случајот. На досегашните судења таа постојано молчеше и не реагираше на ниедно сведоштво, а не го искористи ни еднаш правото за вкрстено испрашување.
На денешното рочиште за „Рекет“ Стефанова откри дека не е во добри односи со поранешната шефица, како и други детали околу случајот „Империја“.
Comments are closed for this post.