Миле Јанакиески, обвинет во случајот за „Инциденти пред општина Центар“ денеска пред судот прочита допис од неговиот адвокат Дангов до ВМРО-ДПМНЕ. Во него партијата потврдува дека Јанакиески не бил член на Извршниот комитет на партијата ниту пак координатор на Општинскиот комитет во Центар.

Ова е еден од ретките материјални докази кои беа прифатени од страна на Судот. Томислав Лазаров пак спротивно на ова тврдеше дека Јанакиески бил кооридинатор за Центар и оти тој заедно со партијата стои зад протестите пред Општината.