Предметот „ТНТ“ незаконски го застапуваше обвинител т.е виш јавен обвинтиел, посочи поранешниот министер Миле Јанакиески, алудирајќи на обвинителот Бурим Рустеми.

-Замислете, тој како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата, па каде е тука двостепеноста во постапката, но за тоа се води и кривична постапка. Каде е тука двостепеноста во постапката, прашува Јанакиески.

Обвинетиот на денешната јавна седница на Апалација објасни дека долго време им се криел овој  факт, но тоа го утврдиле при увид дека по влегување во сила на новиот закон за јавно обвинителство и по именувањето на Бурим Рустеми за Виш јавен обвинител на ден 9.11.2020 година Јавниот обвинител Љубомир Јовевски го овластува обвинителот Гаврил Бубевски да го води овој предмет.