Утринава, околу два часот по полноќ, избувнал пожар во куќа во скоспко Горно Нерези. Како што информираа од полицијата, од пламен била зафатена една викендичка во селото, но, за среќа, при пожарот немало повредени.

Без повредени минал и пожар во тетовското село Дебреште, што избувнал околу два часа по тој во Нерези. Пожарот се случил во куќа во сопственост на 59-годишниот И.Т.,  при што биле зафатени приземјето, гаража и патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во гаражата.

Двата пожара се изгаснати од противпожарни екипи. Увиди ќе се направат во текот на денов.