Исламската верска заедницаги повика вернците да го искористат своето гласачко право и да излезат на изборите на 5 мај.

Иако реисот Сулејман Реџепи пред неколку дена тврдеше дека тоа нема да го направи, ИВЗ на Фејсбук сепак повика на гласање.

Во недела, на 5 мај, муслиманските верници треба да излезат масивно и да го искористат нивното граѓанско право на глас, за повеќе права, за правна и демократска држава, за верски и народни права за сите народи кои живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и ЕУ, пат кој ние како верници и како ИВЗ го трасиравме со години, постојано-велат од ИВЗ.

ИВЗ ја тресат внатрешни проблеми откако Скендер Бузаку се прогласи за нов поглавар повикувајќи се на судско решение кое Реџепи не го признава.