Јас ве слушав кога вие зборувавте, слушајте ме сега вие мене, им се обрати претседателот, Ѓорге Иванов, на пратениците од СДСМ кои од своите места бурно реагираа на неговото годишно обраќање во парламентот, кога тој зборуваше за законоит за јазиците, законот за амнестија

Ве молам да ме сослушате, ве слушам цела година, ве молам слушајте претседател на држава ви се обраќа, им рече на пратениците.

Најискрено ви благодарам што пред целата македонска јавност и пред дипломатскиот кор си ја покажавте вашата политичка култура!Ај смирете се, вашите лични фрустрации потиснете си ги!,  рече Иванов.

Иванов ја обвини власта за уцена на пратениците и праша која е разликата меѓу неговите помилувања и амнестијата од Владата .

Мојата амнестија беше помирување преку помилување, а вашата обезбедување поддршка за уставните измени преку уценување“, рече Иванов.