Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по посетата во Приштина каде што се сретна со политичките и општествени лидери, денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.
Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на попис во Македонија.
Груби пред неколку дена изјави и дека приоритет на македонската надворешна политика е признавањето на Косово.
Comments are closed for this post.