Со порака за обединување на сите позитивни и прогресивни сили во државата и барање да се стави крај на поделбите во интерес на иднината на земјата, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги повика пратениците да ги поддржат уставните измени во следните фази. Шекеринска, од Владата на РМ потенцира дека гласањето да се пристапи кон измени на Уставот е голем исчекор на Собранието на Република Македонија, со кое се отвориле вратите за европска и евроатлнатска иднина на државата.
Пратениците коишто беа и се поддржани од сите демократски сили во нашата земја, презедоа одговорност, ја искористија историската шанса и испишаа нова страница во историјата на Македонија, со која таа, најпосле, се извлекува од калта на минатото и од ризиците на изолација и отстуство од напредок. Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Република Македонија, кој ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците. За поздравување се токму таа одговорност, да се има сила сите работи да се стават настрана, а во центарот на одлуките да се стави иднината на Македонија. Овој историски момент повикува на обединување на сите прогресивни сили во Македонија, тоа ни е потебно како никогаш досега. Верувам дека сега е возможна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет, треба да ги поддржи уставните измени во следните фази. Затоа ние ќе продолжиме да повикуваме и да спровдуваме политика на обединување на сите позитивни и прогресивни сили во државата, рече Шекеринска.
Како што истакна Шекеринска, огромно мнозинство граѓани покажале дека Македонија денес е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која, како што рече Шекеринска, сите сонувале и се бореле во овие 27 години.
Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и дека е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија.Одлуката на двотретинското парламентарно нозинство значи влез на Макдонија во безбдносниот штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со оваа одлука, Македонија станува и фактор на стабилност во регионот. Потврдуваме со оваа одлука дека сигурноста на нашите граѓани е гарантирана, а државните граници се заштитени, и тоа засекогаш, истакна заменик-претседателката на Владата, нагласувајќи дека отворените врати на НАТО и на ЕУ ќе донесат и странски инвестиции и ќе ги охрабрат домашните, од што ќе бидат отворени нови работни места.
Comments are closed for this post.