Во текот на ноќта исфарбани се влезот на Министерството за култура и ѕидовите од зградата на Општина Аеродром.

Непознати сторители го исфарбале влезот на Министерството со жолта боја  и со црвени букви било испишано „МКД“.

Двата настани биле пријавени до Министерството за внатрешни работи, а од таму соопштуваат дека преземаат мерки за расчистување на настаните.