Два случаи  на исчезнување на  млади девојки  од скопски Чаир вчера биле пријавени во полиција.

Синоќа во 12:30 часот во ПС Чаир старателот Д.Т. од Скопје изјавил дека на 09.05.2019 година околу 7.30 часот од дома во непознат правец исчезнала 15-годишната С.Х.Х. која била под надзор на лицето кое го пријавило случајот.

Истиот ден, во 17.40 часот, во ПС Чаир, лицето со иницијали М.М. од Скопје пријавило дека на 09.05.2019 година од неговата куќа во непознат правец заминала 14-годишната со иницијали А.М.

Полицијата објави дека се преземени мерки за решавање на случајот.