Тројцата јавни функционери Арбен Адеми – Министер за образование и наука, Агим Нухиу – заменик министер за внатрешни работи и Сафет Емрули директор за економска индустриска сопственост, сите од редовите на ДУИ, кои извршиле интелектуални услуги спротивно на Законот за високо образование и им биле исплаќани надоместоци преку Македонската авторска агенција-АД Скопје, истите ги вратиле парите во касата на Тетовскиот универзитет. Со ова тие, практично, ја признаваат вината и злоупотреба на средства за добивање звања.
Ова екслузивно во интервју за Лидер го соопшти вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски кој во месец јуни годинава утврди дека тројцата актуелни функционери незаконски напредувале во своите научни звања, на Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово.
Според Илиевски, со ова тие отворено признале вина и злоупотреба, но и по шест месеци од откривањето на скандалот Јавното Обвинителство во Тетово молчи за случајот.
Според мене, за овој образовен финансиски криминал направен од овие функционери, тие под итно треба да сносат одговорност, под итно да си поднесат оставки и органите на прогонот да ги гонат кривично, вели Илиевски во интервју за Лидер.
Дополнително, додава просветниот инспектор, за сето ова бил запознаен премиерот во заминување Зоран Заев, како и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Иако знаеле за незаконското унапредување во наставно-научно звање вонреден професор и за незаконското примање надоместоци, истите не преземале ништо.
Тоа ги прави соучесници во криминал и корупција. Без разлика што незаконските пари ги зеле од универзитетот кои пари се на студентите и истите ги вратиле. Тие направиле криминал и треба да сносат одговорност, вели Илиевски.
Comments are closed for this post.