Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави дека добил тужба од премиерот Зоран Заев. Тој тужи за изјавата дека во случајот „Рекет“ се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата.

Николоски вели дека тужбата од Заев нема да го заплаши и уште еднаш повтори дека рекетирани сеповеќе од еден бизнисмен и тоа е операција која што е добро обмислена од врвот на СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и
кривична одговорност. Николоски вели дека стои зад тоа што го кажал.

Оваа тужба не е задокажување на вистината. Оваа тужба не е за да се докаже вистината. Туку е запрогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично. Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат – „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо соРекет“-објасни Николоски.

Тужбата на Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“. Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината-додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.