Шест лица завршија во болница откако вчера се преврте автобус во Кочани. Несреќата се случила вчера доцна попладнето, на влезот во градот.

Автобусот возел од Штип кон Кочани, а како што неофицијално се коментира  до излетување дошло кога возачот се обидел да избегне возило кое излегло пред него, при што изгубил контрола и излетал надвор од патот во шанец длабок 10-тина метри.