Големи нејаснотии има по објавувањето на неофицијалните резултати. Партиите се незадоволни од работата на Државната изборна комисија и сметаа дека има несовпаѓање со податоците објавени во ДИК и оние кои рачно се внесувани во записниците.
Еден од примерите е избирачкото 2788 во првата изборна единица во општина Кисела Вода. Во записникот стои дека СДСМ освоиле само 87 гласови, додека ДИК објави дека освоиле 255.
Како е можно да има толкава разлика и дали се работи за грешка или пак за „штелување“ на резултатите во корист на СДСМ?
На избирачко место во Дебрца пак каде што се запишани само 30 избирачи а гласале 19, ДИК објавува дека партиите освоиле по 200 и 300 гласови.
Според реакцииите од партиите најоштетена е Левица. Оттаму велат дека немаат записници од најголемиот број од избирачките места.Неофицијално на оваа партија и недостасуваат само седум гласа да добие пратеник во третата изборна единица и околу 500 гласови за пратеник во двојката и четворката.
Comments are closed for this post.