Собранието ја започна 112. седница со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор и осомничена за случајот „Рекет“.
Седницата почна со еден час задоцнување. На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно донесло заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.
На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.
Секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони секогаш кога правните и државните органи како кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, со големи последици, рече Илија Димовски, пратеникот ВМРО-ДПМНЕ. Тој се повика на изјавата на претседателот на Советот ја обвинители Коле Штерјев велејќи дека Советот констатирал оти обвинителката Катица Јанева работела несовесно и незаконски.
Димовски рече дека доколку владејачкото мнозинство изведе акробации да се спаси Јанева дека не работела несовесно, тоа ќе биде на грб на граѓаните.
Единствено нешто за кое Собранието денеска може да гласа е разрешување на Јанева, рече Димовски.
Тој истакна дека најмалку 10 пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за одлучување во Собранието.
Во моментов имаме правно лудило, верификување на печат и различни потписи. Секој правен експеримент може да донесе штета на државата, СДСМ сакаа да ја имаат играчка СЈО во своите раце. Такви експерименти на моменти ќе ви бидат забавни, но не се завршува така.
Comments are closed for this post.