Богдан Илиевски на својот фејсбук профил напиша:
За новиот владин преговарач со Бугарија, Владо Бучковски:
-неспорно било дека имаме заедничка историја со Бугарија (бидејќи со Норвешка на пример немаме заедничка историја, они се од друга планета со друга историја)
-во моментот не било добро да се каже дека сме еден народ во две држави (не вели дека не сме един народ, туку МОМЕНТОТ бил лош за да се каже тоа)
-од 44-та до 91-ва силната пропаганда ги оддалечила Македонците и Бугарите (исто така и втората светска војна во која Македонија беше окупирана од Бугарија, но ајде – патем, ова е истата теза од Зоќе од пред некој ден)
-неспорно било е дека бугарскиот народ е создаден пред Македонскиот (види го ти Буле, всичките работи ги знае, мерси и браво!)
-немала проблем ни Софија со создавањето на македонската нација во 1944 година (не да нема проблем, Софија тоа го форсира, Буладине)
-историчарите да излезеле од рамките на историографијата во време на комунизмот (односно да признаат дека Тито не’ измислил, како да сака да каже Буле историчариштето)
-македонскиот и бугарскиот јазик биле различни „условно речено“ (…кинете дипломи филолози…)
****
Браво наши од нашата влада на нашата земја. Со вакви преговарачи од наша, Бугарија нема потреба воопшто да поставува свој преговарач.
Comments are closed for this post.