Иако вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата со руската вакцина „спутник В“ ќе почне најверојатно во домовите за стари лица, сепак донесена била одлука вакцината да биде употребена прво кај здравствените работници.
Поради проширувањето на ковид-капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на ковид-инфекција, од сите институции во државата, велат од Министерството за здравство.
Во неделата во земјава пристигнаа и 3 000 дози од руската вакцина од вкупно нарачани 200 000 дози.
Вакцина против КОВИД-19 до денеска примиле 3.759 здравствени работници.
Досега за вакцинирање вкупно се пријавени 61.908 граѓани над 70 години, преку сајт и од матичен лекар
Comments are closed for this post.