И Заев не верува дека Шилегов ќе победи. И Заев знае дека Шилегов ќе изгуби, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на градоначалникот и кандидат за нов мандат Петре Шилегов на Канал 5.

Ниту во СДСМ не веруваат дека имаат шанса за Скопје. Скандалите на Шилегов им се преку глава. Шилегов е до гуша во криминал и корупција. Шилегов за еден мандат изгради зграда дивоградба во Карпош и луксузна хациенда од 300м2 во Маврово. На Скопје не му треба градоначалник кој ќе дојде на власт со просечен имот, а ќе го напушти со милионски имот. На Скопје не му треба Шилегов кој нема ниту една капитална инвестиција, но затоа гради приватно за себе кај ќе стигне. И на Маврово и во Карпош. Добро е што во СДСМ се свестуваат дека ќе губат во Скопје. Уште неколку недели Петре, а потоа следува нов почеток за Скопје. Следуваат промени, се вели во реакцијата.